Еден од убијците на малата Данка Илиќ (2) наводно се обидел да се спогоди за да си обезбеди помала казна.

Двајцата работници на „Водовод“ од Бор, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се осомничени за убиството на Данка Илиќ во вторникот на 26 март во 13 часот и 52 минути, само седум минути откако мајката на девојчето, Ивана Илиќ, го пријавила нејзиното исчезнување.

Го признале делото, дека девојчето го убиле со автомобил, а потоа телото го фрлиле на депонија.

Сакал да се спогоди

По телото на убиената девојка се уште се трага, а еден од двајцата осомничени, според Информер, сакал да се спогоди. Тој им понудил на инспекторите да им каже се за злочинот во замена за полесна казна.