Бремена жена и нејзиното бебе починаа откако Русија го бомбардираше породилиштето каде што требало да се породи, дознава Асошиетед прес. Сликите на жената како итно однесена во амбулантно возило на носилки го обиколија светот, прикажувајќи го ужасот на нападот врз најневините во човештвото.

На видеото и фотографиите снимени во средата од новинарите на АП по нападот на болницата, се гледа како жената го гали крвавиот долен дел на стомакот додека спасувачите брзаат со неа низ урнатините во опколениот град Мариупол, а нејзиното лице го отсликува нејзиниот шок од она што штотуку се случило.

Сфаќајќи дека го губи своето бебе, таа на лекарите им рекла: „Убијте ме сега!

Хирургот Тимур Марин открил дека жената имала пголеми повреди на карлицата, а колкот и бил изместен. Лекарите ја породиле со царски рез, но бебето „не покажувало знаци на живот“. По губењето на бебето, докторите се фокусирале на спасување на мајката.

-Повеќе од 30 минути реанимација на мајката не даде резултати, рече Марин во саботата додавајќи дека двајцата починале.

Во хаосот по воздушниот напад во средата, лекарите немаа време да го дознаат името на жената пред нејзиниот сопруг да дојде да ги земе телата.