Македонија е сведок десетина навистина филмски убиства.

1. Убиството на Дилавер Бојку- Леку

Пред чртири години (во 2017) во август беше убиен некрунисаниот крал на проституцијата на Балканот, Дилавер Бојку – Леку со истрел во чело, среде бел ден, на плажа во Струга. Напаѓачот, веднаш по убиството, се качил на моторот со кој и дошол, и избегал во непознат правец.

Пред да биде ликвидиран, Леку барал од членовите на семејството и најблиските соработници да престанат со крвопролевањето, наводно плашејќи се дека ќе остане без машки членови, односно потомци. Бојку беше убиен на 14 август 2017 година пред неговиот ресторан на плажа во Струга, Македонија. Се сомнева дека го убил платен убиец од Базел, но тој случај се уште не е разрешен.

Како што пишува „Курир.рс“ крвната одмазда би можела да биде мотивот за убиството на Бојку, а една од претпоставките е дека тој со глава ја платил смртта на Ситем Истрефи (23), кој загина во пресметката меѓу две завојувани семејства за концесии за плажа на брегот на езерото во Струга

Ескалацијата на конфликтот меѓу семејствата Бојку и Истрефи се случи на 13 декември 2015 година во населбата Езерски лојза. Во таа размена на оган загинал Ситем Истрефи, а тешко е ранет неговиот брат Прентим Истрефи.

Во декември 2018-та година се појави веста дека во малото швајцарско село Рути, ноќта околу 2 часот, на Божиќ со неколку истрели од огнено оружје бил убиен сопственикот на ресторанот „Барен“ И.Истрефи (51 година) по потекло од Струга.

Швајцарските медиуми известуваа дека станува збор за крвна одмазда и нетрпеливост помеѓу две непријателски македонски семејства, бидејќи се верувало дека Истрефи го убил Дилавер Бојку Леку, чиј брат и син во 2015 година го убиле едниот син на Истрефи на возраст од 23 години, а го раниле помалиот син кој тогаш имал 18 години на патот кон Горна Белица, струшко.

2. Убиството на Мери Јошевска

Миле Хаџиски во 1993 година, кога имаше само 21 година ја уби Мери Јошевска нанесувајќи и 40 убоди со нож по целото тело. Тоа беше едно од најсуровите убиства во Македонија кое се случи на 18 јуни 1993 година на булеварот „АВНОЈ“ бр. 104 во Скопје.

Расправијата меѓу Хаџиски и Јошевска почнала напладне во нејзиниот стан. Тој најпрвин почнал да ја дави со раце, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по глава. Потоа со кујнски нож почнал да ја боде во пределот на главата и стомакот.

Во Македонија познат по свирепо убиство, во Франција автомеханичар, а со лажен идентитет како Црногорец ограбувал златарници, нашата јавност добро се сеќава на Миле Хаџиски чија животната приказна се најде и на светски медиуми. Од македонскиот суд е осуден на 20 години затвор за свирепото убиство на својата девојка Мери Јошевска, а светските медиуми за него пишуваат откако станал член на бандата „Пинк Пантер“.

Убиството се случи на 18 јуни 1993 година, во станот на семејството Јошевски во скопската населба Аеродром. Според обвинението, Хаџиски по претходна расправија најпрвин почнал да ја дави со раце, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по главата. Потоа со кујнски нож, кој го носел со себе, и задал 40 удари во пределот на главата и на стомакот. Јошевска починала на самото место, а Хаџиски зел златен накит и го напуштил станот. Тој беше уапсен и осуден на 20 години затвор, но поради пропусти во истрагата пресудата беше укината и судењето беше вратено на почеток. Неговиот правен застапник во овој случај, адвокатот Мирослав Вујиќ потсети на еден од моментите во случајот, кој останува мистерија – трагите од крв најдени во станот што не му припаѓаат нему, ниту на жртвата.

На повтореното судење Хаџиски во отсуство беше осуден на 20 години затвор. По убиството на Јошевска проциркулираа различни шпекулации. Една верзија што јавноста ја раскажуваше беше дека Хаџиски бил припадник на сатанистичка секта и дека убиството било ритуален обред. Наводно, рамностран окултен триаголник, познат како „чудотворен триаголник“ врежен во дланката на жртвата, но тоа никогаш не се потврди, ниту беше дел од судскиот процес.

3. Аце Циганот го уби Сеат Ибраими

Ацо Боцевски, познат како Аце Циганот, среде бел ден ладнокрвно со неколку истрели од пиштол го уби скопјанецот Сеат Ибраими, во 1998 година. На убиството му претходеше неколкуминутна автомобилска брканица низ градските улици.

Автомобилот “мерцедес”, кој го управуваше Ибраими, излета од патот во близина на зградата на Осигурителната компанија “Кју-би”, веднаш зад него запрела корветата зад чиј волан седеше Циганот. Тогаш Циганот излегол од автомобилот го вперил пиштолот кон својот сопарник и ја испразнил рамката од оружјето.

4. Ликвидацијата на Боксер и Бамбус

Марјан Тушевски – Боксер (37) и Кире Јанев – Бамбус (23) беа убиен ноќта меѓу 10 и 11 јули во 2001, пред кафулето “Панта реи” во близина на кафе барот “Витраж”, пред полноќ на платото меѓу зградите на улица Атинска во скопската населба Тафталиџе, како што тогаш објави полицијата од двајца професионални егзекутори.

На убиството на Тушевски и Јанев имало и очевидци. Според тогашните пишувања убијците прво пукале во нозете на Тушевски, тој молел да не го убијат, но еден од убијците му го ставил пиштолот во устата и истрелал еден куршум. Втората жртва, Јанев почнал да бега, но убијците го стасале кога се обидувал да се прекачи преку оградата од подземните гаражи. Пукале во неговиот тил“.

Марјан Тушевски (37), според пишувањата на весниците во јули 2001 година, беше познат скопски рекетар со богато полициско и судско досие. Тој на 10 јули 2001 година беше убиен во вооружена пресметка пред платото меѓу зградите на улица Атинска во населбата Тафталиџе. Убиството, според изјави на сведоци се одвивало со секавична брзина и професионално од неколку непознати лица.

„Веста многу брзо се прошири низ речиси сите кафеани и кафулиња низ Скопје каде што Тушевски често навраќал и, според зборовите на газдите, собирал рекет… Во отсуство на официјални информации, низ Скопје почнаа да се шират разни шпекулации за убиството на Тушевски и Јанев, кое по многу нешта потсетува на убиството од пред неколку години, кога во центарот на Скопје, Аце Боцевски алијас Циганот, пред очите на многубројните минувачи, го уби својот ривал, бизнисменот Сеад Ибраими… Убиството на Марјан Тушевски е поврзано со неодамнешната пресметката на паркиралиштето пред хотелот „Панорама“ која подоцна завршила во подземните гаражи од Владата. Во оваа тепачка учествувале и обезбедувачите на висок политичар…. Еден ден пред да се случи убиството, според извори од скопското подземје, Тушевски претепал еден газда на кафуле во ТЦ „Беверли хилс“ во Капиштец, зашто одбил да му „позајми“ 15 илјади марки. Дента, пак, кога Тушевски беше ладнокрвно застрелан, според полициски извор, тој киднапирал роднина на висок државен функционер и неколку часа во затворен багажник го возел низ Скопје, пред да го ослободи“.

5. Убиството на Диме Ицковски- Поштарот

Во престрелка со полицијата во скопската населба Карпош, како што соопшти министерството за внатрешни работи, на 21 ноември 2003 година беше убиен Диме Ицковски Поштарот, обвинет за повеќе кривични дела. До престрелката, според МВР, дошло кога при обидот да биде уапсен, Ицковски отворил оган и притоа ранил еден полицаец.

Настанот за апсењето на Ицковски, кое имаше трагичен крај, се одвивал пред очите на жителите на околните згради. Ранетиот Ицковски итно бил пренесен во Клиничкиот центар, каде што им подлегнал на раните.

Хронолошки, настанот почнал околу 19 часот кога повеќе полицајци во цивилка го имале блокирано реонот на улицата “Бранимир Нушиќ” во Карпош, каде што во тие моменти се наоѓал Ицковски. Причината за неговото присуство во Карпош се поврзува со поранешниот припадник на МВР, Златко Бошњаковски наречен Алигатор кој, според една верзија, имал задача да го чува Ицковски, а според друга да го убеди да и се предаде на полицијата.

Овие информации полицијата не сака да ги потврди ниту да ги негира. Откако дошло до средба, очи в очи, меѓу Ицковски и полицајците, Ицковски извадил пиштол калибар 7,65 милиметри и го вперил во нив. Со слободната рака од левиот џеб извадил “кашикара”, а навестил дека и во другиот џеб има уште една бомба. Откако бил известен дека имаат налог да го уапсат, Поштарот испукал куршум кон еден од полицајците, нанесувајќи му прострелна рана во десната слабина. Тогаш кон Ицковски бил отворен оган.

Неколку испукани куршуми го погодиле, но тој се уште давал знаци на живот. Повредените Ицковски и полицаецот Н.Н. биле пренесени во Клиничкиот центар. Диме Ицковски им подлегнал на повредите. Повредениот полицаец преживеа.