Полицијата во Батајница го уапсила М.Б.(70) поради сомнение дека по расправија со нож го убил својот поранешен зет Д.Н.(41), кој му дошол на слава!
Убиството се случило синоќа околу 23 часот во Батајница. Според неофицијални информации, убиениот наводно е поранешен зет на осомничениот за убиството.
– Убиениот Д.Н. дошол на славата како поранешен зет на М.Б. Во одреден момент се скарале, никој не ја знае причината, но се верува дека и двајцата пиеле. При расправијата Б.М. извадил нож и го избодел својот сега веќе починат поранешен зет. Повредата била таква што несреќниот маж починал во куќата – изјавил еден од познаниците на семејството во чија куќа се случило страшното убиство.
Како што појасни, била известена полицијата, а набрзо пристигнала и брзата помош која за жал можела само да констатира смрт.