Млада мајка (33) по потекло од поранешна Југославија денеска е убиена пред нејзината куќа во предградието на Виена, кога во неа со пиштол пукал нејзиниот поранешен партнер (35), по потекло од Босна и Херцеговина.

Злосторството се случило нешто по 13 часот и 30 минути. Жената била застрелана пред нејзината куќа и починала на лице место. Според австриските медиуми, сторителот најверојатно го признал делото и без потешкотии бил уапсен, додека полицијата продолжува со истрагата.

Жената (33) била државјанка на Австрија, а насилникот бил нејзиниот поранешен партнер. Нејзиното семејство со југословенски корени води голема хортикултурна компанија во Долна Австрија. Нејзиниот поранешен партнер е шведски државјанин со босанско потекло.

Засега нема информации за мотивот за убиството, но се претпоставува дека причина за злосторството е расправија. Се наведува дека имало повеќе сведоци на злосторството.

Иако убиецот се предал, целата област се уште е под опсада на полицијата, која на лице место сослушува сведоци и ги утврдува околностите на тешкото убиство што се случи пред вилата вреднa милион евра.

Полицијата на лице место врши разговор со сведоци и ги утврдува околностите кои довеле до ова злосторство.