„Убиство во Тетово” е насловот на новиот истражувачки документарен филм за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој изгореа 14 лица, што го објави Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) вечерва.
„Чудни околности го следат целиот тек на предметот. Замрсени тендерски постапки, контрадикторни вештачења, педесетина сведоци, завидна документација. До сега видовме сé, освен вистината”, се наведува во најавата за документарниот филм МРТВ.
Како што објавија повеќе медиуми, репортерите на ИРЛ повеќе од седум месеци работеле во Скопје и во Тетово и ги собирале и анализирале податоците од документите добиени за овој случај.
– Заслужувате да ја знаете вистината за една од најголемите несреќи кои и се случиле на земјава, порачаа од новинарската екипа. Документарецот на ИРЛ погледнете го во продолжение: