Директорите на скопските средни училишта потврдија дека наставата продолжува редовно, и покрај проблемите со јавниот превоз, објави телевизија Телма.

Учениците кои имаат тешкотии да дојдат навреме на часовите поради недостиг на автобуси, треба да продолжат да се снаоѓаат сами.

Директорите се на ставот дека нема добиено насоки од Министерството за образование, а за евентуални промени во наставата одлука може да донесе само Владата.

Министерката за образование Весна Јаневска повика да се изнајде решение за проблемот итно и да не се стави под знак прашање образовниот процес.