Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.
Од УХМР најавуваат дека од среда врнежите наместа ќе бидат пообилни, повремено поројни.
Денеска времето е променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен слаб дожд.