Нестабилност проследена со грмежи, а потоа нестабилно со пороен дожд беше попладнево во делови од скопскиот регион и во Кривопаланечко.

Нестабилна облачност има на повеќе места во западните делови и во делови и од скопскиот регион каде што има грмежи и умерен до засилен ветер.

Од УХМР најавуваат дека нестабилноста ќе продолжи и во вечерните часови особено во западните делови и на северот.

Ќе има и умерен до краткотрајно засилен променлив ветер.