Од Управа за хидрометеоролошки работи јавуваат дека невремето се движи кон главниот град на земјата.
„Нестабилната маса од Полошкиот регион се приближува кон западниот и северозападниот дел од Скопје. Од појави моментално има силен ветер, а се очекува наскоро и пороен дожд и грмежи“, велат од УХМР.
Се препорачува граѓаните да не бараат засолниште од дождот под осамени дрвја.
Инаку, од УХМР известуваат дека Полошкиот регион е зафатен од нестабилна воздушна маса проследена со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на дожд и град („суградица“).
Исто така, од Радарски центар „Ѓуриште“ телефонски известија во ЦУК дека иста е состојбата и во Гостиварско и во Кумановско, како и дека нестабилната облачна маса се движи кон Србија.