Украинската амбасада во Бугарија ги повика граѓаните да се потпишат на петиција за преименување улици на кои се наоѓаат руската амбасада и руските конзулати во Варна и Русе во знак на поддршка за Украина.
Амбасадата бара булеварот „Драган Цанков“, каде се наоѓа зградата на руската амбасадата во Софија, да се преименува во бул. Украина. и улицата Никола Мирчев каде што се наоѓа зградата на рускиот конзулат во Софија да стане улица „Хероите на Украина“.
По истата логика, улица „Ниш“ во Русе – уште една адреса на руската амбасада треба да биде „Хероите на Украина “, а третата адреса во Варна да биде улица „Украина”, која ќе го замени нејзиното сегашно име „Македонија“.
Неколку земји досега ја прифатија ваквата иницијатива на Укрсаина, а други изразиле намера.