Младо момче загина во областа Харков во источна Украина, откако гранатирањето погоди станбена зграда, соопштија украинските служби за вонредни ситуации.
Повеќе од 40 украински војници и околу 10 цивили загинаа во првите часови од руската инвазија на Украина, изјави Олексеј Арестович, член на Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Знам дека повеќе од 40 се убиени и неколку десетици ранети. Знам за речиси 10 цивилни загуби”, изјави Арестович.
Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека Русија врши целосен напад од повеќе правци, од копно и од море.
Украина е погоден од втор бран ракетни напади, јави Ројтерс, повикувајќи се на кабинетот на украинскиот претседател.
За денеска е предвидено е Бајден да се сретне со колегите од групата Г7.
Европските лидери ќе разговараат за идните санкции против Русија, соопшти ЕУ.
Амбасадорите на НАТО ќе имаат итен состанок.
Советот за безбедност на ОН ќе расправа за резолуција за осуда на инвазијата.