Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека Обединетото Кралство одлучило да ги испрати своите преносни противвоздушни ракети STARStreak во Украина, објави DefenseNews.

Валас истакна дека владата сега бара начин да испорача ракети на Украина и дека украинските војници ќе научат да ги користат.

– Од клучно значење е Украина да ја задржи способноста да лета за да се бори против руските воздушни напади. Веруваме дека ова оружје ќе остане во рамките на дефиницијата за одбранбено оружје. „Ќе им овозможиме на украинските сили подобро да го бранат своето небо“, им рече Валас пред пратениците во британскиот парламент, истакнувајќи дека украинската влада побарала STARSstreak.

STARStreak е британски пренослив систем за воздушна одбрана (MANPADS) произведен од Thales Air Defense. Познат е и како STARSstreak HVM (Ракета со голема брзина).

По лансирањето, ракетата забрзува до повеќе од 4 маха, што ја прави најбрзата ракета земја-воздух со краток дострел во светот. STARStreak е во британската армија од 1997 година.