Украина го отфрла барањето на Русија да го предаде Мариупол.

Вицепремиерката Ирина Верешчук и одговори на Русија со изјава дека предавањето не е опција.

Во писмото од руското Министерство за одбрана се вели дека ќе воспостави хуманитарен коридор само доколку Мариупол се предаде.

Украина бара руските сили веднаш да дозволат безбедно минување. 7.295 луѓе евакуирани од жариштата на 20 март. Според вицепремиерката Ирина Верешчук, само четири од седум договорени хуманитарни коридори можеле да извршат евакуација.

Од 10 до 12 часот по локално време, руската страна предлага да се организира излез на украинските војници и странските платеници без оружје, во тој случај им е гарантирано спасување на животите, а потоа да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите.

Повикани се и претставници на ОН, ОБСЕ и Црвениот крст да ја набљудуваат хуманитарната операција на терен.

Руското Министерство за одбрана го повика Киев „да биде разумен и да ги поништи претходно дадените упатства кои ги обврзаа милитантите во Мариупол да се жртвуваат“.

Москва инсистира писмениот одговор на Киев на овие предлози да се добие пред пет часот изутрина часот по локално време.