На Твитер профил со име Украина е објавен транскрипт од разговори меѓу руски војници и членови на семејствата во Русија.
Транскриптот од наводните разговори беше објавен на 9-ти март. Станува збор за верифицирана страница со син штиклиран знак на Твитер и се претставува како официјален профил на украинската држава.
„Ова се вистински разговори што ги пресретнавме. Руските војници од Украина им се јавуваат на своите блиски во Русија за да им кажат што се случува“, се вели во објавата на Твитер.
Се додава дека во разговорите се слушаат признанија за грабежи и воени злосторства.
Прв разговор:
– Вчера пукав во автомобил. – Пукаше? – Да! – Не е важно, пукај ги гадовите. Се’ додека не си ти. Кој ги еб*. Еб**и наркомани и нацисти.
Втор разговор
– Каде беше? – Во грабеж! – И? – Сега имаш два капути од ласица! – Сер*ш ?! – И Даша има капут од арктичка лисица!
Еден човек во разговор вели дека во куќата живеат над 20. Друг се фали дека пиел скап коњак. Друг наводен војник се распрашува за Кока-Кола.
– Нема да има Кока-Кола? – Нема- Срање. Мајката нивна. Но, барем ќе земам телевизор од 70 илјади. – Дали е голем? – Да – Дали ви е дозволено да го земете сето тоа? – Да – Зошто го дозволуваат тоа? – Затоа што и самите ги земаат работите за себе.
Еден маж, според снимката, кажува нешто што, доколку е автентично, може да биде признание за воено злосторство.
– Налетаа право на нас. Ги задржавме, ги соблековме, проверивме сè. Потоа требаше да донесеме одлука дали ќе ги пуштиме или не. Затоа што ако ги пуштевме, тие можеа да ги откријат нашите позиции и артилеријата ќе не’ убиеше. Затоа решивме сите да ги пукаме во шумата.
These are real intercepted calls: Russian soldiers in Ukraine call their close ones back in Russia to tell how it is going so far. Looting and war crimes included. Please, share! The world must know the truth of what they’re doing to our homes and people. pic.twitter.com/5yBRYjEoN1
— Ukraine / Україна (@Ukraine) March 9, 2022