– Украински маринец од опколената челичарница Азовстал во кратко интервју за Скај Њуз изјави дека руските сили кои ја опколиле челичарницата се 10 пати побројни од бранителите.
Мајорот Сергеј Волина, кој ја презеде улогата на портпарол на неговата единица, рече дека условите во фабриката за челик се ужасни, но инсистира на тоа дека моралот и понатаму е висок.
– Моралот на борците што го бранат Мариупол е сè уште висок. Се бориме. Јасно е дека имаме многу мртви и ранет“, рече Волина.
– На повеќе од 500 борци им е потребна медицинска помош, што е невозможно да се добие овде. Тоа е подземно засолниште, па луѓето гнијат. Но, ние сè уште функционираме и продолжуваме да ги штитиме луѓето, рече маринецот.
Русија со денови тврди дека е на прагот да ја преземе целосната контрола над Мариупол, но маринците и Азовскиот полк се уште не го дозволуваат тоа, пишува Скај Њуз. Сите преостанати бранители на Мариупол се во челичарницата Азовстал. Но, самиот маринец признава дека тоа би можело да се случи наскоро.
– Што се однесува до руското тврдење дека наскоро ќе го преземе Мариупол, да, тоа е можно. Тоа е многу реално, рече тој.
– Бројот на војници на нивна страна е 10 пати поголем од нашиот. Имаат и многу повеќе опрема, тенкови, артилерија, авијација…, изјави маринецот.
Запрашан за цивилите кои се кријат од руските напади во Азовстал, маринецот рече: „Многу цивили се кријат во нашето засолниште. Меѓу нив има жени со деца и бебиња. И им треба помош. Тие се обиколени, бомби и гранати постојано паѓаат.