Украинското Министерство за одбрана тврди дека руската елита ја разгледува можноста да го убие Владимир Путин.

Според тврдењата, меѓу политичката и бизнис елита се формира група на влијателни луѓе кои му се спротивставуваат на рускиот претседател, напишаа тие во објава на Фејсбук.

– Труење, ненадејна болест, несреќа – руската елита ја разгледува можноста за смена на Путин – се наведува во објавата.

– Нивната цел е да го тргнат Путин од власт и да ги обноват економските врски со Западот, уништени поради војната во Украина – наведува украинското Министерство.