Утрово во 4:06 часот, силен земјотрес е регистриран во Црна Гора. Според информациите од Европско-метидетанскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјoтресот бил на 76 километри северозападно од Подгорица.

Јачината на земјотресот била 5,3 степени според Рихтеровата скала и на длабочина од 10 километри.

По силниот земјотрес регистрирани се уште пет потреси со послаб интензитет.

Сеизмолог од Црна Гора за земјотресот кој утрово го разбуди Балканот: Граѓаните се вознемирени, имало уште 30 потреси

Срѓан Цековиќ од Сеизмолошкиот институт на Црна Гора за РТС изјави дека секторот регистрирал земјотрес посилен од 5,43 степени според Рихтеровата скала кај Чароѓ.

Како што потврди тој, длабочината на земјотресот бил на 14 километри под земја. Цековиќ изјавил дека ваков земјотрес може да предизвика материјална штета.

„Имавме многу повици, имаше вознемиреност. Доброто е што епицентарот бил во ненаселено место“, вели Цековиќ.

Тој посочи дека во Србија земјотресот најмногу се почувствувал во околината на Нова Варош, Нови Пазар и Пожега.

Тој истакна дека главниот земјотрес бил проследен со уште 30 последователни потреси.

Како што рече, засега нема извештаи за материјална штета.

„Сите граѓани на Црна Гора и на целиот свет треба да научат да живеат со природни катастрофи, кога ќе се случи земјотрес нема место за паника“, вели Цековиќ.

Во раните утрински часови, во 4 часот и 6 минути, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и во цела Хрватска и Босна и Херцеговина, но и во Македонија.

„Умрев од страв“, „Сите не разбуди, долго време се тресеше“, „Многу долг земјотрес“, велат граѓаните на Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои утрово во 04:06 часот ги разбуди многу силен земјотрес што ја погоди Црна Гора.