Управителот Александар Карадакоски кој сега е на лекување во Литванија всушност бил шанкер, а вистински газда на дискотеката „Пулс“ бил Дејан Јованов – Деко, објави емисијата КОД во своето најново издание.

– Оваа дилема лебдeше во јавноста затоа што таканареченото кабаре Пулс има еден сопственик на хартија, а друг во реалноста. Александар Карадаковски е всушност шанкер во диското кој е повреден и сега е на лекување во Литванија. Тој е сопственик на фирмата ММММ Кафе на која е издадена спорната лиценца за кабарето ПУЛС, а во реалноста е Дејан Јованов – Деки кој се јавуваше во сопственоста на фирмата Класик се до нејзиниот стечај 2023, објави КОД.

Деновиве беше објавено дека Карадакоски е еден од десетиците повредени пациенти кои се пренесени во странство. Тој е еден од четирите пациенти кој е пренесен во Литванија.

Loading...