Управителот Александар Карадакоски кој почина во Литванија всушност бил шанкер, а вистински газда на дискотеката „Пулс“ бил Дејан Јованов – Деко, објави емисијата КОД во своето најново издание.
– Оваа дилема лебдeше во јавноста затоа што таканареченото кабаре Пулс има еден сопственик на хартија, а друг во реалноста. Александар Карадаковски е всушност шанкер во диското. Тој е сопственик на фирмата ММММ Кафе на која е издадена спорната лиценца за кабарето ПУЛС, а во реалноста е Дејан Јованов – Деки кој се јавуваше во сопственоста на фирмата Класик се до нејзиниот стечај 2023, објави КОД.
Утрово беше објавено дека Карадакоски, кој беше еден од десетиците повредени пациенти кои се пренесени во странство, починал во Литванија.
Тој веше еден од четирите пациенти кои се пренесени во Литванија.