Жена која држеше антивоен транспарент синоќа влета на сетот на руската вечерна информативна програма на државниот Канал 1. Зад водителката стоеше жена со натпис „Стоп за војната, не верувајтe во пропагандата, овде не’ лажат“.

Жената беше именувана како Марина Овсијаникова, уредник на каналот. Вестите на руската телевизија се строго контролирани од Кремљ и ја отсликуваат само руската верзија на настаните во Украина, пишува Би-Би-Си. Се верува дека Овсијаникова завршила во полиција.

За време на емитувањето се слушаше нејзиниот глас како говору „Стоп за војната!

„Се срамам што дозволив Русите да се претворат во зомби“

Пред протестот, кој се одржуваше во живо на една ноќна информативна програма, таа сними видео во кое настаните во Украина ги нарече „злосторство“ и рече дека се срами да работи за, како што ја нарече, пропагандата на Кремљ.

„Се срамам што си дозволив да кажувам лаги на телевизискиот екран. Се срамам што дозволив Русите да се претворат во зомби“, објасни таа.

Таа го повика рускиот народ да протестира против војната, велејќи дека само тие можат „да го запрат ова лудило“.