Вчера почина Насер Мецоновиќ основач и тренер на Кик бокс клубот Наско тим.
„Нашиот колега, тренер, другар, спортист, кикбоксер и хуман човек Насер Мецоновиќ – КБК Наско тим, кој младите ги отргнуваше од лошите пороци и ги насочуваше во спортот. Се бореше сите да ги изведе на прав пат денеска почина. Бог да го прости, нека му е лесна земја и да најде мир таму“, напиша на Фесјбук претседателот на Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија Дејан Митровски-Урко.