Урнебесна фотографија од плажа насмеа многумина (ФОТО)

Фотографијата објавена на Фејсбук страницата „Dnevna doza prosječnog Dalmatinca“ насмеа многу луѓе.

На неа се гледа двојка како лежи на плажа, а вниманието го привлекува генијалноста на мажот кој на оригинален начин пронашол потпирач за глава.

-Папучи-шише-глава-книга, стои во описот на фотографијата.

„Доказ дека оние што читаат се снаоѓаат во различни ситуации“, „Ова е некој градежник, тој научил да го користи она што е при рака за да направи нешто“, „Нека и биде нејзе удобно … и тој може со шише“, „Ова треба да се патентира “, се само некои од коментарите.