Мајката на Зоран Марјановиќ, Зорица (71) почина од мозочен удар, јавуваат српските медиуми. Зорица Марјановиќ почина во семејната куќа во Борча, шест месеци по смртта на нејзиниот сопруг Владимир, односно таткото на Зоран.
Според првичните информации, Зорица пред два дена имала мозочен удар, поради што била пренесена во болница, каде и е направено скенирање на главата, примила инфузија бидејќи не јадела и и’ биле дадени соодветни лекови. Но, лекарите одлучиле да не ја држат во болница и била пуштена на домашно лекување. За жал, таа не издржaла.
Зорица ќе биде погребана утре на гробиштата во Борча, покрај нејзиниот сопруг Владимир.
Инаку, во моментов против Зоран Марјановиќ се води постапка пред Вишиот суд во Белград, поради сомнение дека во април 2016 година ја убил сопругата, познатата пејачка Јелена Марјановиќ. Тој од почеток го негира делото.