Во Нови Сад денеска е извршено тешко убиство, а сторителот се обидел да се самоубие, јавуваат попладнево белградските медиуми.

Како што неофицијално дознава Информер, се работи за тешко убиство со бормашина во глава.

После тоа, сторителот при скокање од мостот Темерин во Нови Сад, рекол дека убил жена.

Новосадската полиција истражува дали тоа е вистина, а се уште е на местото каде што денеска околу 17 часот мажот скокнал од мостот. Како што дознава „Блиц“, тој е извлечен од водата и е жив.

Според неофицијални информации, пронајдено е безживотно тело на жена во населбата Клиса каде што живеел! Околу него врзал синџири и бетонски блок кога скокнал од мостот.

Тој го запрел автомобилот на сред мост, излегол и ја прескокнал оградата, а преговорите со полицијата траеле речиси еден час.