Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил „бмв“, што го управувало, излетало од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Струмица.

Денеска (19.04.2025) околу 04 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека на регионален пат с.Миравци- с.Давидово, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(19) од с.Миравци, гевгелиско, излетало надвор од коловозот.

Во соопштението се наведува дека момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар на Итната медицинска помош.

Бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР – Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на момчето е дадено на обдукција.