Хрватските медиуми јавија дека денеска во судир на две пловила, загинала 44-годишна германска државјанка.
Како што јавува Глас Истра, кај Камењак се судриле две пловила. Судирите на пловните објекти се многу ретки, пишува овој медиум.
На едниот брод имало шест лица, а на другиот двајца. Во моментов државниот обвинител е на терен и истрагата е во тек.
– Како што неофицијално дознава Глас Истрa, потоналo пловилото на кое имало шест лица, а на него била жената (44) која починала. Таа не починала од давење, туку од тешките повреди здобиени во сударот, објави медиумот.
Информацијата ја потврдија од МВР, од каде известија дека несреќата се случила околу 11 часот во реонот на заливот Премантура, дека се судриле два пловила и дека едно лице загинало.