Без струја утре во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Пекљане“, во Општина Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија во периодот од 09:00 до 11:00 часот ќе останат и дел од корисниците од село Долно Свиларе, во општина Сарај.