Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид изнесе лоши вести преку своите социјални мрежи.

Имено, тренерот на клубот, Пабло Ласо доживеал срцев удар и е хоспитализиран. 54-годишникот бил примен во болницата Санитас Ла моралеха во Мадрид, а во моментов не е позната неговата состојба.

Тренерот на „кралевите“ го водеше тимот во вчерашното полуфинале против Басконија, а Реал истиот го доби без потешкотии. Третиот натпревар на овие две екипи е закажан за три дена, а се чекаат нови информации за состојбата на Пабло Ласо.