Повеќе од 1.000 луѓе ги загубија животите во разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар, додека спасувачите продолжуваат очајнички да бараат преживеани под урнатините.

Според локалните власти, урнати се мостови, уништени се бројни згради, а патиштата се искривени во големи делови од земјата. Најголемо уништување е забележано во Мандалеј, вториот по големина град, каде што се забележани најмногу жртви.

Властите соопштија дека досега е потврдена смртта на 1.002 лица, додека 2.376 се повредени. Тие наведуваат дека бројките се уште не се конечни и дека се уште се собираат податоци за штети и жртви.

Американските сеизмолози велат дека ова е најсилниот земјотрес што го погодил Мјанмар во последните 100 години. Јачината на земјотресот била толку голема што неговите ефекти се почувствувале во Бангкок, оддалечен стотици километри.

Loading...

Во главниот град на Тајланд, спасувачите цела ноќ трагаа по персонал заробен во урнат облакодер од 30 ката, кој за неколку секунди се претвори во куп бетон и метал.

Loading...