– Министерството за одбрана на Украина доцна синоќа соопшти дека „привремено“ го загубиле пристапот до Азовското Море, бидејќи руските сили го зајакнале притисокот околу главното пристаниште Мариупол.
– Окупаторите делумно успеаја во оперативната област Доњецк, привремено лишувајќи ја Украина од пристапот до Азовското Море, се наведува во соопштението на украинското Министерство за одбрана, без да прецизира дали украинските сили го вратиле пристапот до морето.
Русија вчера соопшти дека нејзините сили „го стегаат обрачот“ околу Мариупол, каде што се проценува дека 80 отсто од зградите и куќите се оштетени, а околу 1.000 луѓе сè уште (веројатно) се блокирани во импровизирани засолништа под уништениот театар.
Мариупол, со својата стратешка позиција на брегот на Азовското Море, е цел од почетокот на војната на 24 февруари, кога рускиот претседател Владимир Путин ја започна, како што рече, „специјалната воена операција“.
Градот се наоѓа на рутата меѓу полуостровот Крим кој го анектира Русија на запад и регионот Доњецк на исток, кој е делумно контролиран од проруските сепаратисти.
Најмалку 40 украински војници убиени во Миколајив
– Најмалку 40 украински војници загинаа по руски воздушен напад врз касарната во Миколајив, објавија локалните медиуми.
Градоначалникот на Миколајив, Александар Сенкевич, вчера на Фејсбук објави дека неколку села во регионот се окупирани и дека градот е под силен оган, нарекувајќи го „тежок ден“.
A photo report from a #Swedish media about the debris removal at the site of a rocket attack on the 79th Separate Airborne Assault Brigade in #Mykolaiv. According to journalists, at least 40 people were killed. pic.twitter.com/agfaZibOH7
— NEXTA (@nexta_tv) March 18, 2022