Белградската полиција го уапси С.К.(35) бидејќи во болница во Белград со каиш ја удрил медицинската сестра М.С. (44), а потоа досегнал игла од шприц и ѝ јазабил во грбот.

Насилникот вчера бил сослушан во Првото основно јавно обвинителство во Белград, по што бил пуштен да се брани од слобода. Тој е обвинет за насилничко однесување.

Како што дознава „Телеграф.рс“, нападот се случил во средата, два часа по полноќ, во болница во Белград.

– Полицијата го донесе С.К. на одделението за токсикологија бидејќи пијан и издрогиран нападнал случаен минувач во центарот на градот. Додека чекал лекарска помош, го извадил каишот од панталоните и со него ја удрил сестрата. После тоа, ја грабнал иглата од шприцот и ѝ ја забил во грбот, вели извор близок до истрагата.

Според наводите на овој портал, на медицинската сестра ѝ биле констатирани полесни телесни повреди.

Веднаш бил приведен и бил задржан во полиција до 48 часа, по што бил изнесен во обвинителството кое по излагањето на одбраната донело решение да го ослободи.

Насилникот бил донесен во болница бидејќи неофицијално пијан на улица и под дејство на наркотици удрил случаен минувач.