На 08.06.2022 во 18.50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Е.С.(28), С.С.(32) и М.С.(57), сите од неготинско село, постапувајќи по пријава на 24-годишна жена според која во дворот од семејната куќа била физички нападната од сопругот, деверот и свекорот.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.