Во Германија 12-годишно момче било застрелано во глава, а полицијата ја истражува можноста за обид за убиство, наводно извршен од негов 14-годишен пријател, објави денеска „Билд“.
Момчето било пренесено во неделата вечерта во болница во Штутгарт со спасувачки хеликоптер.
„Сè уште не е позната неговата состојба. Чекаме информации од докторот“, рекол роднината на момчето.
Полицијата набрзо потврдила дека не станува збор ниту за обид за самоубиство, ниту за несреќа.
Портпаролот на јавното обвинителство во Ротвеил, каде што се случила несреќата, Робин Шреј, рече дека го истражуваат случајот како обид за убиство.
Момчето живеело со семејството во мирниот град Ирслинген, населба со околу 900 жители.