Во Виена денеска почна судењето на Ахмед (17), еден од осомничените за силувањето на Миа (13). Потстапката се води против уште 18 мигранти, кои се обвинети дека со месеци го малтретирале девојчето.
Ахмед дошол во судот во придружба на неговиот татко. Обвинителот му прочитал дека постои сомневање дека на почетокот на минатата година на паркингот од гаражата на главната железничка станица ја принудил Миа орално да го задоволува. Тој го призна ова на судењето, но не тврдеше дека ја малтретирал.
Миа есента минатата година раскажа дека го запознала Ахмед во паркот и дека со него разменила информации и телефонски броеви. Една вечер ја намамил во гаражата.
“Ме натера да го задоволам орално. Му реков дека не правам такво нешто, но тој постојано инсистираше. Потоа ги откопча панталоните и ми ја турна главата. Реков дека не сакам, но тој ме натера да го направам тоа “, рече тогаш Миа.
Ахмед на судењето потврдил дека речиси сѐ што кажала девојката е вистина.
“Јас не ја држев, таа сама го направи тоа. Признавам дека ги побарав нејзините голи фотографии”, рекол тој.
Полицијата ги пронашла фотографиите на Миа во неговиот телефон. Се сомнева дека неговите соучесници, исто така мигранти, се снимале додека имале секс со неа во хотелска соба.
„Мислев дека е на моја возраст“, рече Ахмед.
Кога двајцата се соочија еден со друг во март, Миа рече дека верува дека му кажала дека има само 13 години. Обвинителството рече дека Миа всушност изгледа постаро поради нејзиниот физички изглед.
Адвокатот на Миа Саша Флактражи бара на осомничените да им се изрече максимална затворска казна од пет години.
„Таа е силна колку што може да биде под околностите. Ќе ѝ треба малку време да го преболи она што ѝ се случи“, рече тој.
Се очекува пресудата да биде изречена на 7 јануари.