Во верижна сообраќајна несреќа во Казахстан учествувале 95 возила, јавува агенцијата Анадолу.

Несреќата се случила поради непочитување на ограничувањето на брзината и одржувањето растојание во лоши временски услови.

Казахстанската национална компанија за управување со автопатите (Казавтојол) соопшти дека несреќата се случила на автопатот Астана-Петропавл во попладневните часови.

Предизвикана е материјална штета на возилата, а во несреќата нема загинати.