Жена (32) е тешко повредена во напад на ајкула на плажата Порт Ноарлунга во Јужна Австралија.

Службите за итни случаи соопштија дека една жена била касната за глава од ајкула на плажа јужно од Аделаида. Портпаролот на брзата помош за локалните медиуми изјави дека повредите се „сериозни“ и дека жената е пренесена во болница.

Според последните информации, животот на жената не е во опасност.

Полицијата и итните служби засега не можат да ја лоцираат ајкулата. Плажата веднаш била евакуирана, но на посетителите им било дозволено малку подоцна да се вратат во водата.

Нападот се случи помалку од две недели по фаталниот инцидент кога сурферот Тод Гендл (55) беше убиен од ајкула на плажата Гранитс во Јужна Австралија.