Млада девојка на возраст од 20 години со прострелна рана во главата денеска била примена на Итната помош во Општата болница во Чачак, потврдија од установата.

Лекарите во моментов се борат за нејзиниот живот.

– Примена е млада жена со прострелна рана во главата и трајни тешки повреди, витално загрозена. Поради тежината на повредите е примена на Одделот за интензивна нега – изјави д-р Бојан Павловиќ, лекар во болницата во Чачак.

Полицијата веднаш започнала истрага за утврдување на деталите за оваа повреда.

Не е познат точниот мотив на пукањето, како можност се споменува и обид за самоубиство.

Од полицијата не соопштуваат ништо за овој случај.