Тело на жена беше пронајдено на шеталиштето во германскиот град Хокенхајм. Станува збор за Украинка (27) која пред пет недели родила девојче. Полицијата соопшти дека на телото на жената имало траги на насилство, па се сомнева дека е убиена.

Жената, нејзината ќерка и нејзината 51-годишна мајка се сместени во бегалски центар. Тие, наводно, го напуштиле центарот во понеделникот, оттогаш се водат како исчезнати.

Инспекторите не знаат каде се 51-годишната жена која се смета за главен сведок и нејзината внука.