Млад човек од Грција, идентификуван како Никос (29) една недела се бори за живот откако непознат маж му пукал во глава по расправија за претекнување на патот!
Пријателката на младиот човек на кој, според лекарите, куршумот му останал во главата и со денови е во тешка состојба на интензивна нега, објави потресен статус во кој ја повикува државата да преземе мерки за никој друг никогаш да не би го доживеал тоа што го снашло нејзиниот пријател.
– Утре се навршува една недела откако Никос се бори за живот. За оние кои имаа среќа да го запознаат, нема потреба да кажам повеќе… Но, за оние кои не го познаваат или наеднаш заборавиле дека го познаваат, да ви кажам неколку зборови за него. Никос е роден на Крит. Неговите родители се двајца луѓе кои цел живот работеа да ги воспитуваат и образуваат своите деца. Се обидоа да направат луѓе од нив, а не мали луѓе…Никос порасна, учеше, се заљубуваше, се дружеше и еден ден, непосредно пред дипломирање, беше застрелан во глава без никого да повреди. Она што го создале неговите родители било уништено за неколку минути. Затоа што ако родителот нема свое дете, нема ништо. Не зборуваме за несреќа, туку за обид за убиство. Не беше лошо време, туку лоши луѓе… наведува таа во својата објава и додава:
– Целиот регион е полн со гнев бидејќи се плаши дека задутре нечии деца би можеле да бидат во оваа ситуација. Сите секој ден зборуваме за истото, секој ден секој прашува за Никос. Сите освен оние што треба…Би сакала да знам каде е локалното раководство на ова место, каде се нашите пратеници? Зарем нема некој што има храброст и хуманост да излезе и да го осуди настанот? Нема ли некој кој може да ги поддржи овие родители? Дали е време за драстични мерки? За Никос!
Застрелан за претекнување
Како што објави Прототема, се се случило во раните утрински часови на Крит минатиот четврток кога Никос бил следен од млад човек (22) додека возел автомобил на автопат. Во одреден момент поминал и испукал куршум во неговата глава.
Според извештаите, од прелиминарната истрага се претпоставува дека на крвавата епизода и претходела расправија неколку минути претходно, меѓу жртвата и насилникот, а причината било претекнување. Набргу потоа, на видео снимките од безбедносните камери, како што информираат полициски извори за ЕРТ, се гледа моментот на потера и моментот кога е застрелан младиот човек.
По 22-годишникот е распишана потерница и се трага. Како што изјави за ЕРТ директорот на одделението за интензивна нега, младиот човек е во многу тешка состојба, но немал никакви други компликации, поради што лекарите чекаат да видат како ќе се развива неговата состојба.
Според информациите, моментално лекарите сметаат дека не е можно да му биде извршена операција за отстранување на куршумот од мозокот, бидејќи може да биде фатално поради тоа каде се наоѓа.