Драматична снимка ја прикажува несреќата во источна Кина, каде што се урна подот на трговски центар.

Надлежните соопштуваат дека се повредени две лица, а причинета е значителна штета.

Инцидентот се случил на 23 март, а на видеото гледаме жена како ја гледа робата – пред да ѝ се отвори бездна под нозете!

Огромна дупка ја „проголтала“ несреќната жена заедно со половина од продавницата, а се известува дека во урнатините останал заробен градителот – кој работел долу.

„Жената се здобила со скршеници, а работникот си ја повредил ногата. Активно се занимаваме со овој случај и ја пружаме потребната помош“, изјавил претставник на трговскиот центар.

Се шпекулира дека уривањето на подот е предизвикано од оштетен носечки ѕид, но истрагата се уште не е завршена.

Властите се обидуваат да утврдат дали има големи безбедносни пропусти во трговскиот центар, пренесува NDTV.