Денеска, граѓаните од градот под Марковите Кули ги потресе веста за ужасниот физички напад, кој се случи во непосредна близина на едно СОУ во Прилеп. Денеска 20-тина ученици нападнаа свој врсник на враќање од училиште, објави лојалниот портал стануца.мк.
Иако низ градот постојат шпекулации дека настанот се случил во самото училиште, меѓутоа овој немил настан се случил надвор од дворот на средното училиште во Прилеп. Да имало обид од учениците да нападнат соученик во училиште, веднаш таквиот обид – во истиот миг би бил веднаш спречен од обезбедувањето на самото училиште, бидејќи училиштата во Прилеп имаат поставено доволен број на лица за обезбедување, со помош на кои веднаш би се спречил ваквиот настан – доколку би настанал во границите на училиштето!
Неофицијално, соученикот кој бил нападнат од 20-те негови врсници бил повлечено и мирно дете, а за да се заштити од ваквите хулигани во неговиот ранец денеска носел и нож.
Повеќе за овој настан, во текот на утрешниот ден, врз основа на информациите од дневниот билтен на МВР.