Девет лица, меѓу кои мајка и две деца, се повредени од „корозивна супстанца“ во Клапам, јужен Лондон, објавија британските медиуми.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека вечерва биле „повикани поради хемиски инцидент на авенијата Лесар“. Пожарникарите им пружиле итна помош на една жена и две деца.

Лондонската Брза помош соопшти дека им е укажана помош на девет лица, од кои пет се пренесени во траума центар.

„Тројца пациенти се префрлени во локална болница, а еден е отпуштен на местото на несреќата“, се вели во соопштението.

Полицијата соопшти дека меѓу повредените има и тројца полицајци кои се обиделе да го уапсат мажот кој побегнал од местото на настанот.

Членот на лондонското собрание, Марина Ахмад, на X објави дека еден човек истурил киселина врз луѓето во автомобил по несреќата.