Четири лица се тешко повредени откако возило се преврте утринава на обиколница во Волково. Информацијата за МИА ја потврди шефот на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов.
„Итната помош интервенираше со четири амбулантни возила. Три лица со тешки телесни повреди се пренесени во ГОБ 8 Септември, а едно во Свети Наум Охридски“, појасни доктор Панов.
Loading...