Најмалку седум лица загинаа попладнево во Цетиње од истрели од огнено оружје по физичка пресметка во кафеана таму, објави РТЦГ.
Според истите информации, полицијата трага по осомничениот А. Мартиновиќ од Цетиње.
Според информациите на „Вијести“ од Полициската управа, попладнево во градот Бајице во угостителски објект се случило повеќекратно убиство, кога А.М со употреба на огнено оружје ги одзел животите на неколку лица.
– Убиени се M.В., Р.М., Б.М. Лице со иницијали А.М е рането. Според црногорските медиуми, по крвавата пресметка во кафеаната, напаѓачот убил и двајца малолетни лица. Порталот РТЦГ објавува дека има најмалку осум жртви, додека според Вијести најмалку пет.
Веста беше соопштена дека најпрвин дошло до тепачка во кафеана на периферијата на главниот град, по што бараниот извадил оружје и пукал.
Полициската управа упати апел до жителите да останат смирени и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност со цел да се стави ситуацијата под контрола и кривично гонење на сторителот или сторителите.