Од утринава, големи гужви има и на автопатот Скопје-Гостивар. Најдолги задржувања има по последната патарина, каде колоната возила е споена од патарината до семафорите, пред да се тргне кон Стража. Граѓани посочуваат дека буквално се стои во место.
„Имам 41 година, ваква гужва немам видено на патарината пред Маврово“, вели граѓанин заглавен во гужвата.
Други возачи јавуваат дека колоната е од Гостивар до Маврово.