Магистралниот пат Атина – Солун и сите негови споредни патишта од Катерини до Ламија се затворени во правец на Атина, поради состојбата со поплавите во Тесалија, но и излевањето на реката Пиниос, соопштија грчките власти.
Исто така, низводно кон Солун, националниот автопат и неговите споредни патишта се затворени од Лариса до Иматија.
Власите беа принудени на овој потег поради многу тешката состојба во Тесалија.
Надлежните грчки служби упатуваат силен апел до јавноста да не се движи во овие области за да не се создава сообраќаен метеж околу Националниот автопат бидејќи засега напорите на властите се разочарувачки.