За Перикан Асаноска, 39 годишна жена од Кичево, животот е полн со искушенија и нималку не лесен! Уште на седум годишна возраст имала проблем со нозете кои и се деформирале, а сега е дојдено до точка кога има многу болки и тешкотии, објавува Телевивизија 21 во својата сторија.
На почетокот лекарите и препорачале само ортопедски обувки кои почнала да ги носи, но уште повеќе и ги оштетиле стапалата. Родителите на Перикан нема болница каде што не ја однеле за да не дојде до оваа состојба во која што е денес.
Лекарите во Македонија не и даваат надеж, но Перкан не се откажала! Нашла решение во Турција, 100% и гарантирале дека ќе и ги излечат нозете, но сметките се многу скапи, 25.000 евра за 1 нога, па и требаат 50.000 евра за да ги оперира двете нозе.
Перикан живее со татко и, освен што со мака ги извршува домашните работи, таа работи и во јавниот сектор.
Единствена надеж на Перикан за оваа операција се хуманите луѓе, сите документи се готови, потребна е само исплата на сумата, за едната нога првично ќе собере само 25.000 евра, па после одреден период ќе ја оперира и другата.
Перикан не испрати со надеж дека хуманите луѓе, како и во секој друг случај, ќе помогнат и Перикан ќе го продолжи животот како нормален човек за да може повеќе да работи на работа и да се грижи за својот татко.