Верниците често пред спиење си кажуваат молитва кон Бога. Оваа вечерна молитва сигурно ќе ви се допадне.
„Господи, Боже наш, сè што згрешив во овој ден, со збор, со дело или мисла, прости ми како човекољубив.
Подари ми сон мирен и безметежен и испрати го твојот Ангел Пазител, кој ќе ме штити и засолнува од секое зло.
Зашто ти си Заштитник на душите и телата наши и тебе слава ти вознесуваме; на Отецот, и Синот и Светиот Дух; сега и секогаш и во сите векови. Амин“.