Денеска е единаесетти ден од потрагата по исчезнатиот хрватски државјанин Матеј Периш (27) ,на кој ноќта меѓу 30 и 31 декември му се губи секаква трага по излегувањето од белградскиот клуб „Готик“. МВР на Србија води истрага на копно и во вода, а има и кучиња трагачи, форензичари, професионални нуркачи, но и волонтери.

Хрватски „Вечерњи лист“ објави фотографија направена во комбе со Матеј и пријателите на пат кон Белград. Еден детал го привлече вниманието на сите, а тоа е дека Матеј на оваа фотографија е насмеан и расположен.

Екипата од седум млади луѓе од Сплит најпрвин со автомобил заминале во Загреб, а потоа таму изнајмиле комбе, со кое на 30 декември заминале за Белград каде изнајмиле стан.

На јавноста веќе и е познато дека меѓу момчињата се најдоа и Винко и Миро Бокшиќ, синови на познат сплитски претприемач. Покрај нив и Матеј, во комбето имало уште четворица млади момчиња на возраст од 25 до 29 години.

Младиот човек кој седел во задниот ред од десната страна завршил Градежно-архитектонски и геодетски факултет, а неговите познаници тврдат дека е од „уредно и угледно семејство“, а неговиот татко е сопственик на успешна градежна и проектантска компанија.

Периш него го познавал од гимназијата Владимир Назор, каде заедно оделе на училиште. Според информациите на Вечерњи лист, тој не се дружел интензивно со тимот кој замина во Белград, туку спорадично.

Момчето до него завршило средно техничко сообраќајно училиште и играло професионален ракомет, а во текот на кариерата настапувал и за германски клубови. Моментално е вработен како работник во сплитската железница и се уште игра ракомет во нисколигашки клуб.

Младиот човек зад воланот се пколувал во Сплитската математичка гимназија.

Според неофицијални информации на хрватскиот весник, пријателот на Матеј, кој тренирал мал фудбал, бил во комбето во вториот ред лево.

Да потсетиме, пријателите на Матеј дури во 18 часот на 31 декември во полиција го пријавиле исчезнувањето на младиот човек, а откако поминале полиграфски тест се вратиле во Хрватска.

– Самата фотографија сугерира дека се работи за опуштена атмосфера која не открива ништо сомнително. Сите момци изгледаат трезвено и се уредно облечени, пишува „Вечерњи“.